Европските берзански индекси растат трет ден по ред

Европските берзански индекси веќе се во пораст трет ден по ред, нафтата и пченицата поскапеа со истовремен пад на цените на златото, додека инвеститорите денес ги анализираат резултатите од работењето на Комерцбанка, Сименс, Заландо, Ново Нордиск и други важни банки и компании.

Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,53 проценти на 23.959,07 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,33 проценти на 9.170,05 поени, францускиот CAC 40 за 0,49 проценти на 7.654,88 поени, московскиот MOEX за 0,15 проценти на 2.790,13 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 0,14 проценти на 44.111,74 поени, индексот S&P 500 за 0,49 проценти на 6.299,19 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,65 проценти на 20.916,55 поени.