Европските берзански индекси растат во пораст и цената на златото

21

Главните европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и пораст на цените на златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.972,64 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.227,0 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 38.949,02 поени, S&P 500 на 5.069,76 поени, а вредноста на Nasdaq на 15.947,74 поени пред денешното отворање на берзата.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 78.108 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 81.827 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 26 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.036,83 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 5,7392 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).