Европските берзански индекси се нерамномерни, цената на нафтата порасна, златото и пченицата паднаа

10

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.021,85 поени, францускиот CAC 40 на 8.185,62 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.767,56 поени, а московскиот MOEX на 3.302,0 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.043,32 поени пред денешното отворање на берзата, додека вредноста на индексот S&P 500 падна на 5.165,31 поен, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.177,77 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 79.979 долари, а на нафтата од типот брент на 84.229 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 24,6 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.169,67 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,3591 долари за бушел (бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09432, што е приближно исто како и во средата.