Европските берзански индекси се нерамномерни: Цените на златото пораснаа, на пченицата паднаа

12

Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на златото и пад на цената на нафтата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 16.983,20 поени, францускиот CAC 40 на 7.673,49 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.575,50 поени, а московски MOEX на 3.231 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 38.671,69 поени пред денешното отворање на берзата, додека S&P 500 индексот падна на 5.026,61 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 15.990,66 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 76.193 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 81.478 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 26.450 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.025,65 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,9502 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07952, што е приближно исто како и во петокот.