Европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, цената на нафтата, златото и пченицата скокнаа

17

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан и скок на цените на нафтата, златото и пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.266,00 поени, исто како и францускиот CAC 40, на 8.155,27 поени, лондонскиот FTSE 100 на 7.937,75 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.25 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 39.475,90 поени, индексот S&P 500 на 5.234,18 поени, а вредноста на индексот Nasdaq се искачи на 16.428,82 поени пред денеска да се отвори берзата.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 80.955 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.711 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 27.525 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.167,84 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 5,6365 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08188, што е приближно исто како и во петокот.