Европските берзански индекси се во пад, како и цените на нафтата, златото и пченицата

92

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, како и цените на нафтата, златото и пченицата, додека на пазарите се чекаат прелиминарните податоци за стапката на инфлација во еврозоната, кои ќе бидат објавени во 11:00 часот.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 19.137,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.111,05 поени, францускиот CAC 40 на 7.387,25 поени, а московскиот MOEX на 2.584,32 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 42.141,54 поени, S&P 500 на 5.813,67 поени, а вредноста на Nasdaq на 18.607,93 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 68.443 долари, а на нафтата „брент“ на 71.922 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 41,5 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.778,42 долари за унца, а на пченицата на 5,6844 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08545, што е приближно исто како и во средата.