Европските берзански индекси во пад

24

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека нафтата од типот „брент“ се продава за 91 долар за барел.

Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.195,58 поени, францускиот CAC 40 на 8.059,29 поени, лондонски FTSE 100 на 7.893,19 поени, а московскиот MOEX на 3.394,19 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 38.596,98 поени, индексот S&P 500 на 5.147,21 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.049,08 поени.