Европските берзански индекси во пад

17

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, а во исто време имаше раст на цената на златото и пад на цената на нафтата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот падна на 17.659,45 поени, лондонски FTSE 100 на 7.607,03 поени, францускиот CAC 40 на 7.944,61 поени, а московскиот MOEX на 3.288,68 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.989,83 поени, индексот S&P 500 на 5.130,95 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.207,51 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 78.240 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 82.387 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 26.835 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.118,99 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,6391 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08490, што е приближно исто како и вчера.