Европските берзански индекси во пораст

Европските берзански индекси денес се претежно во пораст, бидејќи позитивниот тренд од петокот продолжи, а изборната победа на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) на јапонскиот премиер Санае Такаичи во неделата даде дополнителен импулс за пазарите.

Според прелиминарните резултати, ЛДП ќе има јасно мнозинство во парламентот, што значи дека владата ќе може да ги спроведува плановите без постојани преговори или блокади, што го намалува ризикот за економијата и пазарните текови.

Такаичи е познат по економските мерки што вклучуваат зголемени владини трошоци, даночни олеснувања и поддршка на растот, што пазарите често го гледаат како поттик за компаниите и трошоците, објавува Ројтерс.