
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, а цените на нафтата, златото и пченицата растат, додека пазарите оваа недела најверојатно ќе бидат фокусирани на геополитичките тензии меѓу САД и Европа.
Американските власти се подготвуваат за разговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, а претставниците од Украина и Европа се изоставени од овие дискусии, пренесува CNBC.
Франкфуртската берза DAX во 9:15 часот порасна на 22.576,23 поени, британскиот FTSE 100 на 8.739,25 поени, московскиот MOEX на 3.258,33 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 8.168,99 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 44.546,08 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 падна на 6.114,63 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 20.026,77 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 70.964 долари, а на нафтата од типот брент на 75.019 долари.
Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 49,880 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.901,24 долари за унца, а на пченицата на 6.0150 долари за бушел (бушел е 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,048013, што е приближно исто како и во петокот.











