Европските берзански индекси во пораст по празниците

13

Европските берзи денеска се вратија во вообичаена работа по одбележувањето на Велигденските празници во поголемиот дел од западниот свет.

Европските берзански индекси се во пораст, а во исто време е забележан натамошен скок на цените на златото и нафтата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.505,35 поени, лондонски FTSE 100 на 7.999,86 поени, француски CAC 40 на 8.211,39 поени, а московски MOEX на 3.369,79 поени.