
Европските берзански индекси денеска растат, цената на златото порасна, а суровата нафта од типот „брент“ се продава за повеќе од 90 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 18.093,50 поени, лондонски FTSE 100 на 7.969,00 поени, францускиот CAC 40 на 8.058,95 поени, а московскиот MOEX на 3.437,40 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 38.461,51 поени, индексот S&P 500 на 5.160,64 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.170,36 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 86.231 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 90.460 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 27,615 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.336,29 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,5569 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07345, што е приближно исто како и во средата.











