Европските берзански индекси денеска се во пораст, нафтата поскапе, додека на пазарите се чека одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за каматните стапки, која ќе биде објавена во 14 часот и 15 минути.
Мнозинството аналитичари анкетирани од Блумберг очекуваат банката да ја намали каматната стапка на депозитите по четврти пат оваа година за 25 базични поени на три отсто.
Единствен исклучок е JP Morgan Chase, која смета дека ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки за 50 базични поени.
Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:15 часот порасна на 20.455,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.310,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.447,89 поени, а московскиот MOEX на 2.539,91 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 44.148,56 поени пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави, додека индексот S&P 500 порасна на 6.084,19 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 20.034,89 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.531 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 73.848 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 44.715 евра за мегават-час.
Фото: Pixabay