
Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, а цената на златото повторно е над 2.000 долари за унца.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9 часот и 15 минути порасна на 17.135,32 поени, лондонски FTSE 100 на 7.655,81 поени, францускиот КАК 40 на 7.791,78 поени, а московскиот MOEX на 3.273,90 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 78.052 долари, а цената на нафтата од типот брент падна на 82.722 долари. На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 24.890 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.004,83 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,6463 долари за бушел (бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07626, што е приближно исто како и вчера, пренесува Танјуг.











