Европските берзански индекси во пораст, цените на нафтата, златото и пченицата скокнаа

20

Денеска европските берзански индекси се во пораст, американските индекси се во пад, а во исто време е забележан и скок на цените на нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:15 часот порасна на 16.591,92 поени, лондонски FTSE 100 на 7.700,12 поени, францускиот CAC 40 на 7.420,32 поени, а московскиот MOEX на 3.142,59 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 37.430,19 поени пред денешното отворање на берзата, исто како и индексот S&P 500 на 4.704,81 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 14.592,21 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 73.935 долари, исто како и на нафтата од типот Брент, на 79.126 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 33.505 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.047,32 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата се искачи на 6,0178 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09537, што е за 0,30 отсто повисока од вчера.