Европските берзански индекси во пораст, цените на златото и пченицата паѓаат

12

Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 27,435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).