Европските берзански индекси забележаа значителен раст – цената на златото падна

15

Денеска европските берзански индекси се во значителен пораст, нафтата поскапе, а цените на златото и на пченицата паднаа.
Индексот EURO STOXX 50, кој ги следи перформансите на висококвалитетните (блу чип) акции на 50-те најважни компании во 12 земји од еврозоната, денес е највисок во последните 23 години и во еден момент надмина 4.900 поени.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.800,65 поени, лондонски FTSE 100 на 7.675,98 поени, францускиот CAC 40 на 7.950,00 поени, а московскиот MOEX на 3.255,66 поени.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 25.480 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.042,82 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,7628 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).