Европските берзански индекси забрзано растат: Нафтата и златото во пораст!

Европските берзански индекси денеска се во благ пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата.

Како што објави CNN (CNBC), индексот на американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години, откако американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нестабилност со неговата нова тарифна политика.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:45 часот порасна за 1,15 отсто, на 21.148,71 поени, британскиот FTSE 100 за 0,64 отсто, на 8.185,65 поени, московскиот MOEX за 0,36 отсто, на 2.830,02 поени.

Францускиот CAC 40 падна за 0,28 отсто на 7.252,82 поени,

Европските фјучерси на гас за мај се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36.250 евра за мегават-час.

Според досегашните податоци на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 61.807 долари, а на нафтата од типот брент на 65.186 долари.

Цената на златото порасна на 3.220,71 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,59 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,1355, што е за 0,04 отсто повисока отколку на почетокот на тргувањето.