Eвропските берзи благо пораснаа втор ден по ред

27

Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во четвртокот наутро, втор ден по ред, но тргувањето сè уште се одвива претпазливо поради неизвесната политичка ситуација во Франција.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,2 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,07 отсто, на 8.199 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,19 отсто, на 18.440 поени, а париски CAC за 0,32 отсто, на 7.597 поени.

На европските берзи со денови се тргува претпазливо поради политичката неизвесност во Франција по вонредните парламентарни избори во неделата.

Имајќи предвид дека ниту еден од трите блока не доби апсолутно мнозинство, напорите за формирање нова влада ќе се фокусираат на барање потенцијални сојузи и освојување поединечни пратеници од другите групи.