
На европските берзи утринава цените на акциите го достигнаа највисокото ниво во последните три недели бидејќи инвеститорите беа охрабрени од натамошниот пад на приносите на обврзниците и вчерашниот пораст на Волстрит.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,6 отсто во 9:30 часот и достигна највисоко ниво во последните три недели. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,53 отсто, на 7.660 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,45 отсто, на 15.530 поени, а париски CAC за 0,55 отсто, на 7.170 поени.
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи
Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,9 отсто околу 9:30 часот, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три недели.
Истовремено, јапонскиот Никеи индекс зајакна за 1,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 1,9 отсто.











