Европските берзи достигнаа рекордно ниво

17

На европските берзи во четвртокот претпладнето цените на акциите достигнаа рекордни нивоа, следејќи го вчерашниот раст на Волстрит, додека инвеститорите ги чекаат одлуките на британската, швајцарската и норвешката централна банка.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек на тргувањето порасна за 0,9 отсто и достигна рекордно ниво. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс скокна за 1,17 отсто, на 7.828 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,82 отсто, на 18.160 поени, а париски CAC 0,66 отсто, на 8.215 поени.

Инвеститорите денеска ќе се фокусираат на одлуките и пораките на британската, швајцарската и норвешката централна банка.