Последниве денови на берзите се тргуваше мирно, откако цените на акциите силно пораснаа од почетокот на годината.
Индексот STOXX 600 порасна за повеќе од 12 проценти оваа година и се движи близу највисокото ниво во последните 23 месеци.
Германскиот DAX во исто време порасна за речиси 20 отсто и покрај независната состојба во економијата.
Францускиот CAC, пак, порасна за повеќе од 16 отсто, а британскиот FTSE за околу 3,6 отсто.
На последниот трговски ден од годинава и на азиските берзи се тргуваше внимателно. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, околу 9 часот и 30 минути беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден.
Од почетокот на годината забележа раст од околу 5 отсто, па ќе го забележи првиот раст по две години пад.