Европските берзи пораснаа

32

На европските берзи утринава благо пораснаа цените на акциите, но тргувањето се одвива претпазливо бидејќи нема нови значајни вести кои би можеле да го насочат пазарот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,2 отсто, надополнувајќи ги вчерашните загуби. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,16 отсто, на 7.495 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,20 отсто, на 15.930 поени, а париски CAC зајакна за 0,36 отсто, на 7.255 поени.

Внимателно тргување и на азиските берзи
Внимателно се тргува и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,3 отсто околу 9:30 часот.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,3 отсто, а благо пораснаа и цените на акциите во Јужна Кореја. Во Австралија, Хонг Конг и Шангај, пак, тие паднаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто.

По силниот пораст на цените на акциите минатата недела, на азиските берзи во последните денови се тргува внимателно.