Европските берзи пораснаа

Цените на европските акции пораснаа во претпладневното тргување во средата, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од извештаите од Велика Британија и Германија за ублажување на инфлацијата, што значи дека тамошните централни банки би можеле да почнат да ги намалуваат каматните стапки следната година.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек на тргувањето порасна за 0,4 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,29 отсто, на 7.736 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,23 отсто, на 16.785 поени, а париски CAC за 0,24 отсто, на 7.590 поени.

Инвеститорите беа охрабрени од фактот што инфлацијата во Велика Британија во ноември падна на 3,9 отсто, од 4,6 отсто претходниот месец.
На пазарите позитивно влијаеше и фактот што производствените цени во Германија паднаа повеќе од очекуваното.

Овие податоци ги поддржуваат надежите на инвеститорите дека европската и британската централна банка го завршија циклусот на зголемување на каматните стапки и дека наскоро ќе следи намалување на цената на парите.