Европските берзи пораснаа

Цените на акциите вчера пораснаа на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 1,41 отсто, на 8.249 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,43 отсто, на 21.253 поени, а париски CAC 0,86 отсто, на 7.335 поени.

Меѓу најголемите добитници беа акциите на производителите на автомобили, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од најавата на Трамп дека може да ги коригира тарифите од 25 отсто за увезени автомобили и автоделови од Канада, Мексико и други делови од светот.