Европските берзи пораснаа на крајот на неделата

На европските берзи во петокот наутро цените на акциите поскапеа, по вчерашниот пад, а најмногу пораснаа рударскиот и нафтениот сектор, благодарение на растот на цените на суровините и нафтата.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,7 отсто.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,82 отсто, на 7.640 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,89 отсто, на 16.690 поени, а париски CAC зајакна за 0,79 отсто, на 7.445 поени.

Најмногу поскапеа цените на акциите во рударскиот, градежниот и нафтениот сектор утрово за повеќе од 1 процент, благодарение на растот на цената на нафтата и суровините.

Поддршка за пазарот дава и вчерашната изјава на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, дека најлошото од инфлацијата веројатно помина и дека каматните стапки ќе се намалат доколку инфлацијата падне на ниво од 2 отсто.

И на азиските берзи цените на акциите паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше речиси непроменет од вчера околу 9:30 часот и е на пат за неделна загуба од околу 0,7 отсто.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи порасна за околу 1,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто.