Европските берзи пораснаа на почетокот на неделата

34

На европските берзи во понеделникот претпладне берзанските индекси пораснаа, по минатонеделниот пад, кој најмногу се должи на растот на цените на акциите на технолошките компании.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,7 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за 1,5 отсто.

Утрово лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,41 отсто, на 7.490 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,81 отсто, на 16.688 поени, а париски CAC за 0,97 отсто, на 7.445 поени.

Најмногу утрово пораснаа цените на акциите во технолошкиот сектор, во просек за 1,2 отсто, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од силниот раст на секторот на Волстрит во петокот.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. Индексот на азиско-пацифичките акции на MSCI, без Јапонија, беше намален за 0,4 отсто околу 9:30 часот, откако минатата недела потона за повеќе од 2,5 отсто.