Европските берзи пораснаа пред американскиот извештај за инфлацијата

На европските берзи цените на акциите пораснаа во средата, по два дена пад, додека инвеститорите го чекаат извештајот за инфлацијата во САД и пораките од шефот на американската централна банка.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,3 отсто, по два дена пад.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,56 отсто, на 8.195 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,44 отсто, на 18.450 поени, а париски CAC за 0,36 отсто, на 7.817 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите по два дена пад.

Сепак, се тргува внимателно бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат премногу ризици пред пораките на ФЕД и извештајот за инфлацијата во САД.