Европските берзи денеска повторно се отворија по прославувањето на божиќните празници според Грегоријанскиот календар, а индексите се претежно во пад, како и цените на златото и на пченицата.
Во 9:45 часот индексот DAX на Франкфуртската берза падна на 19.848,18 поени, британскиот FTSE 100 на 8.129,50 поени, московскиот MOEX на 2.765,14 поени, додека францускиот КАК 40 се искачи на 7.302,04 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 43.325,80 поени пред денешното отворање на берзата во САД, додека индексот S&P 500 падна на 5.974,07 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 20.020,36 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта порасна на 69.752 долари, а на нафтата од типот брент на 73.391 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 47 евра за мегават-час, што е највисока вредност за последните три недели.
Цената на златото падна на 2629,36 долари за унца, а на пченицата на 5,3935 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04140, што е приближно исто како во четвртокот, пренесува Танјуг.