Европските берзи позитивно реагираа по инаугурацијата на Бајден

30

Како што покажуваат податоците за тргување на финансиските пазари, европските берзи реагираа позитивно на новиот американски претседател.

Имено, вчера се одржа инаугурацијата на Џо Бајден, кој го наследи Доналд Трамп во Белата куќа.

Европскиот индекс STOXX 600 се зголеми утрово за 0,7 %, а најмногу профитираа акциите на банките и автомобилските компании.

Дури и европските официјални лица не го криеја оптимизмот за избор на нов претседател на САД. Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен напиша на Тwitter:

“Соединетите држави се вратија. Европа е подготвена за нив “.
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, исто така изрази надеж за подобра соработка со американскиот сојузник.

Фото: Pixabay