Европските берзи се лизнаа од рекордно ниво

16

На европските берзи се тргува претпазливо во понеделник наутро бидејќи оваа недела ќе бидат објавени податоците за инфлацијата во САД и во еврозоната, при што цените на акциите благо се лизнаа од рекордните нивоа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,15 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела порасна за 0,4 отсто и го достигна највисокото ниво во историјата.

Утринава лондонскиот FTSE индекс загуби 0,08 отсто, на 7.700 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,05 отсто, на 17.419 поени, а париски CAC 0,21 отсто, на 7.949 поени.

Минатата недела германскиот и францускиот индекс силно пораснаа и достигнаа највисоки нивоа во историјата, но утрово загубија дел од добивките.