
Цените на акциите бележат остар раст на европските берзи во четвртокот претпладнето, бидејќи американската централна банка Fеderal Reserve (Fed) сигнализираше дека циклусот на зголемување на каматните стапки е завршен и дека следи намалувањата на каматните стапки.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 1,6 отсто во првиот дневен пресек на пазарите. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,95 отсто, на 7.695 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,40 отсто, на 17.000 поени, а париски CAC за 1,55 отсто, на 7.647 поени.
Така, берзите во Европа го следат силниот раст на њујоршки Волстрит од претходниот трговски ден, каде Dow Jones зајакна 1,4 отсто и достигна рекордно ниво, а S&P 500 и Nasdaq индексот исто така скокнаа за околу 1,4 отсто.











