Европските берзи стагнираат

17

На европските берзи се тргува претпазливо, а индексите стагнираат. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во 9:30 часот, откако минатата недела падна за 1,2 отсто.

Лондонски FTSE индекс утринава падна за 0,08 отсто, на 7.905 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,39 отсто, на 18.245 поени, а париски CAC за 0,40 отсто, на 8.095 поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи средбата на лидерите на Европската централна банка ќе се одржи во четврток, пренесува Хина. Намалување на каматите не се очекува, но инвеститорите внимателно ќе следат дали е можно прво намалување на каматите за 0,25 процентни поени на седницата во јуни.