Европските берзи стануваат попривлечни од Wall Street

34

И додека во последната деценија европските берзи заостануваа зад растот на индексот во Њујорк, сега, главно, благодарение на пакетот на Европскиот фонд за закрепнување од 750 милијарди евра, се предвидува поинаква динамика.

JPMorgan предвидува дека со зголемување на стапките на вакцинација – секако ќе доведе до висок европски економски раст. 

Повеќето европски компании плаќаат и примамлива дивиденда. Нивните биланси се добри, и ова може да доведе до нов бран спојувања и превземања.

Европа станува интересна повторно

Во текот на последните десет години, инвеститорите беа несигурни како резултат на нискиот економски раст, слабото евро, политичката несигурност и тешкотиите на банкарскиот сектор. Сега сликата се менува. Додека САД чекаат нов поттик за раст на акциите (Dow Jones падна 0,1 % вчера, на 34.599 поени), паневропскиот индекс на акции STOXX 600 постави нов рекорд на 455 поени. 

Фото: Pixabay