
На европските берзи во петокот претпладнето се тргуваше претпазливо, при што цените на акциите беа малку пониски откако вчера ги достигнаа највисоките нивоа во девет седмици.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,1 отсто, лизгајќи се од највисокото ниво во последните девет седмици. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,25 отсто, на 7.465 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,03 отсто, на 15.989 поени, а париски CAC 0,01 отсто, на 7.276 поени.
Внимателно се тргува и на азиските берзи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше намален за 0,6 отсто во истиот дневен пресек со европските берзи, но е на пат да биде во добивка од 0,8 отсто оваа седмица. Претпладнево на токиската берза индексот Nikkei порасна за 0,5 отсто, а цените на акциите во Австралија исто така пораснаа за 0,2 отсто. Во Јужна Кореја, Шангај и Хонгк, пак, паднаа меѓу 0,6 и 1,9 отсто.
Азиските инвеститори се претпазливи со денови бидејќи нема нови значајни вести кои би можеле да ги стимулираат пазарите. Сепак, тие се на пат да остварат седмични добивким бидејќи пазарите нагло се зголемија на почетокот на седмица благодарение на верувањето на инвеститорите дека циклусот на зголемувања на каматните стапки во западните земји е завршен.











