
На европските берзи во понеделник претпладнето повеќето од најважните индекси се во благ плус, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати на компаниите, но оптимизмот на инвеститорите е ограничен со очекувањата дека намалувањето на каматните стапки ќе оди со побавно темпо отколку што претходно го перципираа.
Паневропскиот индекс Stoxx 600 во првиот дневен пресек порасна за 0,2 отсто. Во исто време, најмногу поскапеа акциите на туристичките компании, во просек за 0,6 отсто, а најмногу паднаа цените на акциите на рударскиот сектор, за 0,5 отсто.
Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,38 отсто, на 7.644 поени, а франкфуртски DAX за 0,03 отсто, на 16.924 поени, додека парискиот CAC, кој порасна најмногу минатата седмица, претпладнево падна за 0,06 отсто, на 7.587 поени.
Меѓу најголемите добитници беше акцијата на „Lotus Bakeries“, со скок на цената од 12,7 отсто, откако белгискиот кондитор објави над очекуваните оперативни резултати. Германската компанија за испорака на храна „Delivery Hero“, исто така, се издвојува по зголемувањето на цената од 2,8 отсто, која забележа силен пораст на нарачките и, исто така, ги надмина деловните очекувања.











