Европските берзи во добро расположение, цените на златото и нафтата растат

Европските и американските берзи се отворени по Божиќ, расположението е добро и сите индекси се во пораст, како и цените на златото и нафтата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 10:00 часот порасна на 16.714,53 поени, лондонски FTSE 100 на 7.743,28 поени, францускиот CAC 40 на 7.594,90 поени, а московскиот MOEX на 3.110,65 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones скокна на 37.545,33 поени, како и S&P 500 на 4.774,75 поени и вредноста на Nasdaq индексот на 15.074,57 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 75.651 долар, како и цената на нафтата од типот Брент, на 81.284 долари. На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35,015 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2067,88 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 6,3266 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10485, што е приближно исто како и вчера.