Европските берзи во „минус“, цената на златото во остар пад

Европските берзански индекси денес се претежно во минус, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на повеќе од 110 долари за барел, што е зголемување од 1,90 проценти.

Според податоците од берзата во 9 часот, цената на суровата нафта се зголеми за 2,32 проценти на повеќе од 107 долари.

Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 47,695 евра за мегават-час.

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,16445 долари.

Цената на златото падна на 4.545,3 долари за унца, а цената на пченицата падна на 6,5450 долари за бушел.