Европските берзи во пад пред извештајот за инфлацијата

30

Цените на акциите паднаа на европските берзи во четвртокот наутро, бидејќи надежите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки во март исчезнаа, а инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред објавувањето на извештајот за инфлацијата во еврозоната.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек беше во минус за 0,4 отсто, слабеејќи втор ден по ред. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,14 отсто, на 7.620 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,41 отсто, на 16.835 поени, а париски CAC 0,97 отсто, на 7.580 поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи денеска Eurostat ќе ја објави првата проценка за инфлацијата во еврозоната.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,3 отсто во истиот дневен пресек како и во Европа. Истовремено, индексот Nikkei падна за 0,8 отсто на токиската берза, додека цените на акциите во Шангај и Австралија паднаа меѓу 0,6 и 1,2 отсто. Во Хонгконг и Јужна Кореја, пак, тие се зголемија меѓу 0,3 и 1,8 отсто.