Европските берзи во пад: Сите очи се вперени кон ЕЦБ и Банката на Англија

Европските берзански индекси денес се претежно во пад, како и цените на нафтата и златото, додека инвеститорите ги чекаат одлуките за каматните стапки на Банката на Англија (BoE) и Европската централна банка (ECB).

Референтната каматна стапка во Велика Британија моментално е 3,75 проценти, а аналитичарите генерално прогнозираат дека BoE ќе ја задржи на исто ниво, бидејќи инфлацијата во земјата се искачи на 3,4 проценти во декември, објавува „Гардијан“.

Според прелиминарна проценка, инфлацијата во еврозоната падна на 1,7 проценти во јануари, а ЕЦБ веројатно ќе ја задржи клучната каматна стапка за депозитите на два проценти по петти пат по ред.
Фото: Pixabay