Европските берзи во плус втор ден по ред

17

На европските берзи во вторникот наутро индексите пораснаа втор ден по ред, што најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите по минатонеделниот остар пад и новите рекорди на Волстрит.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9 часот и 30 минути порасна за 0,6 отсто, добивајќи сила втор ден по ред. Лондонски FTSE индекс утринава зајакна 0,55 отсто, на 8.187 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,52 отсто, на 18.160 поени, а париски CAC за 0,47 отсто, на 7.607 поени.

Растот на индексот најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите, откако минатата недела тие нагло паднаа поради политичката неизвесност во Франција.

Најмногу утрово поскапеа цените на акциите во туристичкиот сектор, во просек за 1,8 отсто.