Европските берзи во пораст, златото и нафтата паѓаат

Европските берзански индекси денес се претежно повисоки откако Федералните резерви на САД ги намалија каматните стапки за 25 базични поени на опсег од 4,00%-4,25% и наговестија за дополнително намалување од 50 базични поени до крајот на годината.

Во Европа, Банката на Англија треба да ја објави својата најнова одлука за каматните стапки во 13:00 часот, а пазарите очекуваат каматната стапка да се задржи на сегашните четири проценти, објавува „Гардијан“.

Европските фјучерси за гас за октомври беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 32.360 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 63.753 долари, а цената на нафтата Брент на 67.699 долари.

Цената на златото падна на 3.655,23 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,2983 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).