Европските берзи зајакнаа по оставката на Лиз Трaс

70

Европските берзи го променија опаѓачкиот тренд, откако британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка.

Паневропскиот индекс Стокс 600 затвори за 0,25 отсто, а индексите на сите водечки берзи во Европа затворија на позитивна територија.

Технолошките компании водеа со добивка од 2,0 отсто, додека акциите на нафта и гас поскапеа за 1,45 отсто.