Европските берзи значително пораснаа по победата на Трамп

86

На европските берзи утринава цените на акциите значително пораснаа, како и американските фјучерси индекси, бидејќи, според сите сметки, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 1,1 отсто.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна 1,03 отсто, на 8.257 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,13 отсто, на 19.475 поени, а париски CAC за 1,50 отсто, на 7.518 поени.

Како што пристигнуваат изборните резултати од одредени сојузни држави на САД, се поизвесно е дека на изборите за Белата куќа ќе победи Доналд Трамп, а не кандидатот на демократите Камала Харис.