Европските домаќинства сè повеќе позајмуваат од банките

18

Домаќинствата од еврозоната продолжија забрзано да позајмуваат од банките минатиот месец.

Податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), покажаа дека домаќинствата позајмуваат од банките привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од падот предизвикан од пандемијата.

Банкарските заеми за домаќинства се зголемија за 4% на годишно ниво во јуни, по зголемувањето од 3,9% во мај. Така, тие го продолжија трендот на пораст што започна во 2015 година, а кој минатата година нагло беше запрен поради пандемијата.