Европските и американските берзански индекси се нерамномерни, цените на нафтата, златото и пченицата паѓаат

80

Европските и американските берзански индекси денеска се нерамномерни, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата, златото и пченицата.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 19.115,65 поени, францускиот CAC 40 на 7.236,58 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.018,50 поени, а московскиот MOEX на 2.725,9 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 43.958,19 поени, S&P 500 на 5.985,38 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот падна на 19.230,72 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 68.345 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 72.256 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 45,5 евра за мегават-час. Цената на златото падна на 2.555,92 долари за унца, а на пченицата на 5,4084 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05473, што е за 0,14 отсто помалку од вчерашните вредности.