Европските индекси главно се во пораст, во очекување на одлуката на ЕЦБ за каматните стапки

47

Денеска европските берзански индекси главно се во пораст, како и цените на нафтата и златото, додека на берзите се чека одлуката на Европската централна банка за каматните стапки во еврозоната, која ќе биде објавена во 14 часот и 15 минути.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.470,15 поени, британскиот FTSE 100 на 8.266,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.615,97 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.923,8 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 83.708 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.725 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 31,745 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.473,35 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4169 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09330, што е приближно исто како и во средата.