
Европските берзански индекси денес малку пораснаа и покрај трговската неизвесност, бидејќи инвеститорите се надеваа дека САД и Европската Унија би можеле да постигнат прелиминарен договор за царините во догледно време.
Во Европа, вниманието ќе биде насочено кон најновите трговски податоци од Германија и Франција, кои би можеле да понудат увид во потенцијалното влијание од промената на динамиката на трговијата меѓу САД и Европската Унија, објавува CNN.
Денес во 9:15 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,13 проценти на 24.066,22 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,06 проценти на 8.812,82 поени, францускиот CAC 40 за 0,09 проценти на 7.730,67 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,14 проценти на 2.753,25 поени.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 67.546 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 69.306 долари. Цената на златото се искачи на 3.337,64 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,4428 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата е 1,17483 долари, што е за 0,10 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.











