Европските индекси нерамномерни, американските во пад, се чека одлуката на ФЕД за каматните стапки

Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, американските во пад, додека пазарите ја чекаат одлуката на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, која ќе биде објавена вечерва во 20 часот.

Претставниците на Федералните резерви најверојатно ќе ја намалат референтната каматна стапка за 25 базични поени до опсег од 4,25 до 4,5 отсто, додека навестуваат помали намалувања на каматните стапки следната година отколку што беше претходно најавено, пишува Блумберг.

Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:15 часот падна на 20.248,37 поени, францускиот CAC 40 на 7.364,76 поени, додека британскиот FTSE 100 се искачи на 8.210,94 поени, а московскиот MOEX на 2.388,21 поени.