Европските индекси нерамномерни, пазарите ја чекаат прогнозата на ММФ за економскиот раст

102

Европските и американските берзански индекси денеска се нерамномерни, цената на златото продолжува да расте, а пазарите ја чекаат прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за светскиот економски раст, која ќе биде објавена во 15 часот.
Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 19.560,85 поени, додека британскиот FTSE 100 падна на 8.299,80 поени, францускиот CAC 40 на 7.534,78 поени, а московскиот MOEX на 2.765 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 42.931,60 поени, S&P 500 на 5.853,98 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 18.540,01 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 69.543 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 73.763 долари.

Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 39,8 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.735,18 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,6797 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08282, што е приближно исто како и во понеделникот.